Чиле: Напаѓач отвори оган во играчница, петмина мртви

Пет лица загинаа вчера откако непознат маж отворил оган кон посетителите во една играчница во Пуенте Алто, предградие на чилеанската престолнина Сантјаго, пренесува ТАСС.

Очевидци, за Радиото БиоБио изјавија дека непознат маж влегол во салата и отворил оган кон посетителите. Според полицијата тој испукал најмалку 52 куршуми.

Се претпоставува дека мотив е кавга, која избувнала непосредно пред нападот пред просториите на играчницата.