Шок за Вардар

Дејан Милосављев си пронајде нов клуб, вардаровиот голман од следната сезона ќе брани во Бундеслигата, за тимот на Фуксе Берлин.

Иако беше најавено дека Вардар ќе биде силен и следната сезона и клубот ќе го напуштат само оние кои досега потпишаа договори, сепак изгледа дека не е така. Дејан Милосављев стави потпис на договор со Фуксе Берлин.

Српскиот голман својата промоција во светскиот ракомет ја доживеа во Вардар, има одлична сезона која се надеваме дека ќе кулминира во Келн.

Но, настапот на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите ќе биде и негов последен за Вардар.

Фуксе Берлин на својата официјална страна потврди дека се договориле со Дејан Милосављев и од следната сезона тој ќе биде нивни голман.