пет. Јун 5th, 2020

Се е трач но има и вистина

Јовчески: Дали неконтролираното делење хуманитарни пакети на СДС во Прилеп е причина за ново жариште на корона вирусот???

1 мин читање

Градот од почетокот на оваа здравствена криза е трето жариште во државата, а нови случаи со заразени лица од вирусот имаме секојдневно, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-И покрај тоа лидерот на СДСМ, Зоран Заев инсистира на брзи избори кои во една ваква ситуација можат да бидат опасни по здравјето на граѓаните.
Освен брзањето на Заев, Прилеп се соочува со уште еден голем проблем, а тоа е бројот на тестирања кои се извршени досега.
Како што извести градоначалникот Илија Јованоски, до пред десетина дена во Прилеп биле направени само 642 тестирања за Ковид -19.
Тоа почитувани сограѓани значи дека здравствените власти вршеле само по десет тестови во просек во изминатите 2 месеци во Прилеп, вели Јовчески.

Тој додава дека поради тоа денеска прашуваме,
Дали бројката од 184 досега заболени лица е реална, или пак можеби оваа бројка е поголема?
Дали властите планираат да спроведат скрининг процес на повеќе категории граѓани во Прилеп, со цел откривање на сите асимптоматични случаи?
Исто така, го прашуваме градоначалникот и здравствените власти, дали е точно дека во изминатиот период се појавиле повеќе позитивни случаи на корона вирус во населбата Тризла?
Потсетуваме дека општината која ја предводи Јованоски и партискиот огранок на СДСМ со Миле Талески како претседател, во оваа населба неконтролирано делеа пакети со прехрамбени продукти, при што се создаваа гужви.