ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Анџелина Џоли уништена од разводот со Пит!

1 мин читање

Во последно време се чини дека главна тема на дискусија и трач рубрика е разводот на омилената холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит.

Колку и да не веруваме, нивниот брак завршува иако постои скриена надеж дека еден ден тие ќе се смират и ќе го вратат нивниот брак онаков каков што и ни го претставуваа – совршен. Сепак, можеби навистина е време да го заборавиме тое мислење и да престанеме да веруваме во чуда, бидејќи овде изгледа дека навистина станува збор за семејна драма која не може туку така лесно да се смири.

Таблоидите и папараците очигледно едвај чекаат да се случи некоја ваква интригантна, за жал „пиплива“ тема за да би објавиле различни шпекулации, вистини, а повеќе и невистини. А кога сме кај нив, од неодамна се шушкаше дека Бред Пит бил оној кој ја предизвикал семејната драма. Неговиот хедонистички стил на живот, склоноста кон конзумирање на алкохол и марихуана придонесила и го направила Бред агресивен дури и кон неговите деца. Дали е ова точно не можеме да знаеме, а тука се и екс девојките на популарниот холивудски актер кои од своја страна тврдат дека Бред е многу смирена и стабилна личност и тој никогаш не покажувал насилно однесување.

-Бред воопшто не е агресивен маж – ќе рече Елизабет Бејли, поранешна девојка на Бред Пит – Не бевме премногу време заедно, но знам дка тој не се однесува така. Тој е многу опуштен, нежен и смирен. Долго време не сме во контакт, затоа што тој повеќе не живее во Лос Анџелес. Сигурна сум дека со текот на времето вистината ќе исплива на виделина и ќе дознаеме што навистина се случило.

Меѓу другото постојат и шпекулации дека Анџелина Џоли била виновникот затоа што имала други тајни врски.

Што е точно од сите овие зачинети приказни, никој не знае, но едно е видливо. Прекрасната Џоли, колку и да посакува да ја скрие и камуфлира тагата, таа е видно ослабена и нејзиното тело никогаш не изгледало толку лошо. Во летниот период таа се криеше зад широките долги туники, изгледа токму заради криењето на таквиот депресивен момент.

Разводот е сеуште во тек, но очигледано овој тежок период влиае и тоа како на прекрасната филмска дива.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0