ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Армијата изврши државен удар во Габон

Во Габон армијата соопшти дека извршила државен удар, а на улиците на главниот град Либервил има тенкови и други вооружени возила.

На програмата на државната телевизија на Габон се појавија војници и соопштија дека е извршен државен удар со цел, како што тврдат, враќање на демократијата.

На програмата се појави војник кој прочита соопштение во кое се наведува дека армијата ја презела контролата врз Владата.

Жителите на Либервил изјавиле дека на улиците во градот има тенкови и вооружени возила.

Претседателот на Габон Али Бонго, кој на функцијата е од 2009 година, е вон земјата од октомври, а постои сомнеж дека доживеал мозочен удар.

Тој на жителите на Габон им испратил новогодишна порака од болница во Мароко.

МИА

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0