ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Атман се повреди, а Русија со пораз во Буенос Аирес

1 мин читање

Рускиот репрезентативец и од оваа сезона член на Вардар, Павел Атман повторно се повреди и создаде многу грижи на неговиот клуб и национална репрезентација. Атман кратко настапи на пријателскиот натпревар во рамките на ЕХФ неделата против Аргентина. Поранешниот ас на МеталургМешков Брест и Хановер бил жртва на силен удар, па излегол од игра и веќе не се вратил на теренот до самиот крај. 

Селекторот Едуард Кокшаров, кој е привремен тренер и во Вардар, превентивно го повлекол, но не може да тврди колку време ќе биде надвор од терените. Претходно, Сергеј Горбок и Тимур Дибиров останаа во Скопје да се одморат од силниот ритам натпревари.

Русија загуби од Аргентина на Маноло Каденас со 24-22, а вардарците беа меѓу подобрите поединци во поразениот табор. Крилото Данил Шишкарев постигна шест, младиот Горпишин беше автор на три, а Калараш на два погодоци.

По репрезентативната пауза се очекува враќањето на Стојанче Стоилов, а и натаму надвор од терените е новајлијата Де Толедо.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0