ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ВМРО-ДПМНЕ: Откако СДСМ и Заев се на власт, економијата тоне- голем број на граѓани едвај врзуваат крај со крај

1 мин читање

Откако СДСМ и Заев се на власт, економијата тоне. Голем број на граѓани едвај врзуваат крај со крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се намалува бројот на работници во индустријата. Имено во месец мај 2019 бројот на работници во индустријата е за 2.5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година. Поради лошите политики на Анѓушев државата се соочува со катастрофални бројки во доменот на капиталните инвестиции. На заслуга на Анѓушев нивото на капиталните инвестиции заклучно со мај 2019 изнесува катастрофални 13,74%, стои во партиското соопштение и се додава:

„Планот на Заев и Анѓушев се сведува на целосно окупирање на министерството за финансии и реализација на концептот на зголемување на задолжувањето на државата. Ова само покажува дека ниту Заев, ниту Анѓушев немаат визија и знаење со кои ќе придонесат државата да се развива и граѓаните да живеат убаво“.

Време е, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, оваа криминална власт да си замине што поскоро.

-Време е Заев да си поднесе оставка и да остане во историјата како најлош премиер на Република Македонија досега.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0