ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Дали министерот за здравство воведува вонредна состојба на Клиничкиот центар?

Здравството во Македонија тоне од ден во ден. Го допревме дното со лоши услови за работа, напади на медицински персонал, измалтретирани пациенти.

Што се случуваше деновиве?

Нападнат медицински персонал на Клиника за токсикологија, нападната медицинска сестра на „Карил“, напад на медицинско лице на Детската клиника, а претходно скандал со претепаната медицинска сестра во детската болница „Козле”.

И додека ова се случува, министерот за здравство бара помош за обезбедување на јавните здравствени установи од министерството за внатрешни работи и министерството за одбарана.

Дали министерот за здравство воведува вондредна состојба на Клиничкиот центар?

Замислете, не му се давале пари за ангажирање за агенција за обезбедување на Клинички, па затоа разговара со колегите од внатрешни и одбрана.

Сака полицајци или војници да патролираат во кампусот клиники! Среќна Нова 1949 година!!!

Министерот за здравство, Филипче сака да се најдат лица кои се плаќаат од Буџетот, меѓутоа од друго министерство.

Министерот со ова покажува дека воопшто не му е грижа за медицинскиот персонал.

А, секако не му е грижа ниту за пациентите, зошто во вакви пресметки кога граѓани од различни причини напаѓаат медицински персонал секој може да настрада.

Министерот смета дека, дека да се плати обезбедување на здравствените установи е премногу скапо, односно безбедноста на докторите, сестрите, пациентите е премногу скапо. Но не смета дека е премногу скапо кога планира 35 милиони евра годишно за биохемиски реагенси, и за тоа кој ќе го добие тендерот. Ниту пак смета дека е скапо да се плати 1,5 милион евра за лубриканти. Тогаш тој многу се грижи за парите.

Постапките говорат дека кадрите на СДСМ се однесуваат исто како аболицираниот криминалец Зоран Заев. Ваквото однесување е само уште еден доказ дека станува збор за криминална и однародена власт.

Време е веќе да се стави крај на ваквото министерување на министерот за здравство. Време е да се стави крај на уништувањето на здравствениот систем. Филипче мора да замине.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0