ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Дневен хороскоп за 11 февруари

Овните планираат брак, Јарците уживаат во флертот и вниманието од другите.

Прочитајте го хороскопот за 11 февруари.

Овен

За вас доаѓа можност за напредок и подобра заработка.

Ако имате планови за брак, денеска е ден да ги разјасните сите детали околу тоа.

Без проблеми на полето на здравјето.

Бик

Имате среќа при остварување на професионални контакти. Една личност која ќе ја запознаете денеска може многу да ви помогне во иднина.

Ви се додворува личност за која не сте претерано заинтересирани. Повеќе би сакале да почекате подобра прилика.

Ви годат спортски активности.

Близнаци

Ве очекува подобрување на материјалната состојба. Ќе ги надминете сите грижи.

Во вас се буди интерес за личност која сте ја запознале преку пријател.

Избегнувајте го алкохолот.

Рак

Поволен ден за вашите идеи пред другите. Можете да очекувате позитивен исход на ситуацијата.

Вистински момент за почеток на врска која би можела да трае подолг рок, во иднина.

Без проблеми на полето на здравјето.

Лав

Лесно завршувате се што ќе испланирате. Можно е наскоро да почнете да го планирате и годишниот одмор.

Ве очекува познанство со личност која од самиот почеток ќе изрази интерес за вас.

Здравјето се подобрува.

Девица

Ви се исплати ризикот во кој влеговте. Денешниот ден е поволен кога станува збор за финансиите.

Ако сте слободни, пред вас е флерт со личност која не е слободна.

Ве очекува одлична состојба на полето на здравјето.

Вага

Се јавува можност да ги покажете своите способности пред колегите и соработниците. Ќе ја добиете нивната поддршка.

Ќе се впуштите во страствена авантура со личност која не може да ви понуди повеќе од тоа.

Избегнувајте ги цигарите.

Шкорпија

Можете да очекувате ден во кој ќе се соочите со проблеми од страна на колегите. Покажете трпение.

Имате мали несогласувања со саканата личност, но постои можност тоа да го решите и да дојдете до компромис.

Постојано се прејадувате.

Стрелец

Пробувате да го поправите однос со надредените за да стекнат доверба во вас.

Можно е саканата личност да очекува повеќе да и се посветите. Од друга страна, потребен ви е мал простор за вас.

Полни сте со енергија.

Јарец

Ќе ви биде потребно повеќе време од очекуваното за да ги завршите сите обврски.

Уживате во вниманието кое го добивате од додворувачите, но и понатаму не сте подготвени да им дадете зелено светло.

Проблеми со шеќерот.

Водолија

Можете да очекувате дали  некои планови ќе се променат и дека нема да ги остварите сите планови.

Ако криете некои работи од саканата личност, ризикувате да направите голем проблем.

Внимавајте во сообраќајот.

Риби

Не сте подготвени за нови потфати кога станува збор за работата. Можно е да ви треба нов план.

Разочарани сте од саканата личност и размислувате за прекин на врската.

Зголемена телесна температура.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0