ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Доаѓа опасниот метеоролошки феномен „Ел Нињо“: Неговите ефекти најмногу се чувствуваат околу Божик

1 мин читање

Метеоролошкиот феномен Ел Нињо ќе се формира наскоро и додатно ќе влијае на временските услови ширум светот што ќе ги зголеми шансите следната година да биде потопла од било кога, предупредуваат научниците.

Како што тврдат од Центарот за предвидување на клима од американската Национална управа за океан и атмосфера, 80 отсто се шансите Ел Нињо да почне да се формира и тоа да трае до крајот на февруари 2019 година.

Влијанието на Ел Нињо станува се поопасно последнава година поради глобалното загревање, а тоа се ќе се влоши штом просечните температури ќе продолжат да растат, наведува неодамнешната студија во весниккот „Geophysical Research Letters”.

Самиот термин на шпански јазик значи „мало момче“ и се однесува на малиот Исус, бидејќи ефектите на Ел Нињо најмногу се чувствуваат околу Божик.

Последниот Ел Нињо е забележан во 2016 година, а поврзан е со катастрофалното избелување на коралите на Големиот корален гребен, големите суши во Африка, Јужна Америка и делови од Пацификот и југоисточна Азија и пожарите во Индонезија и Канада.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0