ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Затворена за сообраќај една коловозна лента на автопатот Скопје- Велес

1 мин читање

Левата коловозна лента од автопатот А1, на делот Скопје – Велес, меѓу наплатната рампа Сопот и Башино село денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Како што информира ЈП „Македонијапат“, прекинот е поради изведување градежни активности на оваа делница.

На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Од утре во наредните седум работни дена ќе се изведуват градежно-асфалтерски активности на Регионалниот патен правец Р2137, на делот меѓу млекара Дуброво, село Војшанци.

За време на изведувањето на асфалтерските работи во целост ќе биде во прекин сообраќајот од 10 до16 часот. Како алтернатива ќе се користи патниот правец Демир Капија – Корешница.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0