ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Италијанскиот весник ги потврди шпекулациите: Катица Јанева не само што го слушала Рекетот преку телефон, туку и самата учествувала

1 мин читање

Второто видео кое го објави италијанскиот весник „Ла Верита“ утрово само ја потврдуваат изјавата на неодамнешното емитување на емисијата КОД на телевизија Телма каде беше објавено дека Катица Јанева преку интерфон му порачала на бизнисменот Орце Камчев дека се ќе биде ОК.

Во неодамнешниот текст на Expres.mk исто извори блиски на истрагата за случајот „Рекет“ потврдија дека Камчев немал доверба во Боки 13, по што самата Катица Јанева му порачала дека ќе ја заврши работата.

Ова е доказ дека Јанева не само што го слушала договорот за рекет, туку и самата учествувала во него.

Видеото кое КУРИР утринава го објави веднаш откако весникот го сподели на својот сајт можете да го видите и слушнете во продолжение и да се уверите за што точно станува збор во телефонскиот разговор.

Извор: Курир.мк

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0