Маж тешко повреден, додека возел велосипед удрил во куче
1 мин читањеНа 08.05.2019 година во 16:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Д.Ч.(45) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во куче, при што се здобил со тешки телесни повреди.
Tој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: