ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Нина Ангеловска нова министерка за финансии?

1 мин читање

Владиниот кабинет ќе претрпи измени со назначувањето министерка за финансии. На чело на ова министерство, како што неофицијално дознава Алсат, во трката меѓу трите жени, Нина Ангеловска, Татјана Штерјова и гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, предводи Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата Групер.

Од разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев. Заев првично предложи тој да биде и министер за финансии, но од Антикорупциската комисија излегоа со мислење дека тој нема право биде и премиер и министер.

Исто така, како што дознава Алсат, од фунцијата заменик министер за економија ќе се повлече Кире Наумов. Тој заминува на друга позиција во Македонската Банка за подршка на развој а на негово место, во ресорот што го предводи Крешник Бектеши доаѓа една од кандидатките кои се споменуваат за финансии.

Последната реконструкција на Владата беше направена во јуни. Тогаш Садула Дураку, од министер за екологија, беше назначен за министер за политички систем и односи меѓу заедниците, додека Насер Нуредини го презеде ресорот екологија, Хисни Исмаили беше назначен за министер за култура, Трајан Димковски за земјоделство и Горан Милевски за локална самоуправа.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0