ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Оставки на градоначалниците на општините со мнозинско српско население во северно Косово

Градоначалниците на четири општини со мнозинско српско население во северно Косово денеска поднесоа оставки во знак на протест поради воведувањето такса од 100 отсто на производите од Србија и поради минатонеделните апсења во северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Оставките на градоначалниците на Серверна Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан, во изјава за медиумите, ги потврди лидерот на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ), Горан Ракиќ.

Четворицата градоначалници оставките ги поднесоа на вонредните седници на општинските совети, на кои се разгледува политичката и безбедносната ситуација во местата со мнозинско српско население по одлуката на владата во Приштина за таксите за производите од Србија и Босна и Херцеговина.

Поради, како што оценува СЛ, се потешката состојба на српското население по одлуката на Владата на Рамуш Харадинај, оваа партија денеска организира протест, кој ќе се одржи на пладне во северна Митровица.(МИА)

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0