ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Ременски во Обвинителство врши увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

Пратеничката Фросина Ременски дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите кои ги собрало Обвинителството во истрагата за невладината органзација „Меѓународен сојуз“, чиј почесен претседател беше токму Ременски, објави Фокус.

Освен Ременски можност за увид во доказите имаат и првоосомничениот Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, кој беше претседател на организацијата и негоовиот татко Миле Јовановски.

Вчера увид во доказите извршиле осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателка на невладината организација, и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски. По отворањето на случајот „Рекет“, Обвинителството отвори уште една истрага за „Меѓународен сојуз“.

Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација, соопштија од Обвинителството.

Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0