пет. Јун 5th, 2020

Се е трач но има и вистина

39 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 30

Во текот на изминатото деноноќие (16/17.05), по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 39 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, стои во соопштението на МВР.

Исто така, по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски, евидентирани се 28 лица што ја прекршиле оваа мерка.

За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 196 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, информираат од МВР.