вто. Сеп 29th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Guns ‘n’ Roses ќе издаваат сликовница за деца ?

1 мин читање

Се работи за приказна а инспирирацијата е земена од еден од најголемите музички хитови на Guns ‘n’ Roses, „Sweet Child O’Mine“. Во пишувањето учествуваа сите членовите на бендот и писателот Џејмс Патерсон. Сликовницата го носи истиот наслов како и хитот од 1988 година.

-Како долгогодишен обожавател на бендот, возбуден сум што ќе работаме сите заедно и ке ја испишеме славната песна на страниците од сликовницата, порача Патерсон.

Сликовницата ја слави љубовта и музиката, поврзувајќи ги луѓето на најубави начини. Приказната говори за (Наталија и Маја), ќерка и внука на менаџерот на бендот, Фернандо Лебелс, прикажувајќи ги нивните авантури додека растат на турнеите од бендот.

Ова не е прв пат писателот Патерсон да соработува со други во писателски проекти. Неодамна ја напиша книгата „The President Is Missing“ заедно со бившиот претседател на САД, Бил Клинтон.

ИЗВОР:THEVERGE.COM