чет. Апр 9th, 2020

Се е трач но има и вистина

Led Zeppelin не ја украле култната песна

1 мин читање

Американскиот апелационен суд повторно пресуди дека британските рокери Led Zeppelin не ја украле песната “Stairway to Heaven” од друг бенд.

Советот од 11 судии во Сан Франциско ја потврди пресудата од 2016 година со која не е најден доказ дека бендот од 1971 година ги прекршил авторските права на песната „Taurus“.

По укинувањето на оваа пресуда, Led Zeppelin поднесоа жалба до вишиот суд, чија одлука врз основ на Законот за авторски права од 1909 година ја врати орифиналната пресуда на сила.

Се проценува дека песната “Stairway to Heaven” заработувала 3,4 милиони долари за петгодишен период.

Адвокатите на Led Zeppelin не ја коментираа засега пресудата.

fb-share-icon0