Агератум (lat. Ageratum)
1 мин читањеОва едногодишно растение има срцевидни светлозелени листови, покриени со нежни влакненца и бушави мaли цветчиња кои може да бидат бели, сини и розови. Цвета од мај до доцна есен. Овенатите цветови треба редовно да се отстрануваат за да се продолжи времето на цветање.
Расте како грмушка до 30 cm во височина, освен видот Blue bouqet кој расте до 50 cm. Може да се сади во градината или во саксии, во хумусна земја. Треба да се сади на сончево место или во лесна полусенка, на место заштитено од ветар. Бара многу влага и затоа во лето треба секојдневно да се полева.
Посадете го во `ртилиште во февруари или март, а младите растенија пресадете ги надвор кога ќе помине опасноста од мразеви.