ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Адвокат на ѓаволот: Кој е Пит Михалик кој беше изрешетан пред своите деца во Јоханесбург?

Адвокат на ѓаволот: Кој е Пит Михалик кој беше изрешетан пред своите деца во Јоханесбург?

1 мин читање

Пит Михалик (50) кој е убиен пред приватното училиште на своите деца, познат е во адвокатските кругови и како адвокат на ѓаволот, бидејќи ги бранел најпознатите криминалци на јужноафриканското подземје. Тој исто така беше и адвокат на убиецот на Аркан, Добросав Гавриќ.

Според непотврдени извори, за време на пукањето повреден е и неговиот 8- годишен син. Неговата ќерка не е повредена.

Локалните медиуми наведуваат дека адвокатотот имал телохранители, но дека убиецот пришол до неговиот автомобил и пукал низ прозор во неговата глава.

-Брзата помош набрзо стигнала на лице место, но лекарите можеле само да констатираат смрт на адвокатот, рекол извор за локалните медиуми.

Михалик бил самохран родител, бидејќи неговата сопруга, мајката на нивните две деца, извршила самоубиство пред неколку години. Тој непосредно по семејната трагедија, фатен е во прегратка со јужноафриканската манекенка Тасмин Тобит.

Инаку, ова е уште едно во низата убиства кој во Јужна Африка се поврзани со Србите.