ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Александар Николоски во работна посета на Брисел

Александар Николоски во работна посета на Брисел

1 мин читање

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на 17-ти и 18-ти декември ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во рамките на посетата Николоски ќе оствари средби со високи претставници на Европската Комисија, Европската Народна Партија, Центристичко Демократската Интернационала, Европскиот Парламент итн.

-Се очекува на средбите да се разговара за актуелните политички случувања во Македонија и регионот. Николоски ќе информира за состојбата во Македонија, заостанувањето во реализацијата на реформите, политичките притисоци и злоупотребата на правниот систем со цел политички прогон, партизацијата на јавната администрација, економското назадување и се поголемо задолжување на државата, како и сите потфрлања на Владата на СДСМ во сите области значајни за животот на граѓаните, информираат од неговата партија.

Николоски ќе разговара со партнерите од Брисел и за активностите на ВМРО-ДПМНЕ како и политичкиот притисок и прогон под кој се бројни членови на опозицијата и обидот за задушување на слободата на изразување и критика кон власта на СДСМ.