ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Алексов: Со измислени кривични пријави сакаат да ми направат само штета

Алексов: Со измислени кривични пријави сакаат да ми направат само штета

1 мин читање

Поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Арсенчо Алексов во интервјуто за Алфа обвини за политичка хајка против него која е почната уште во изборната кампања. Тој објасни дека првата пријава му била за школскиот превоз додека втората кривична пријава е околу спортската сала.

Притоа Алексов посочува дека негова должност како градоначалник била да се изгради спортска сала која секој граѓанин би се гордеел со тоа.

– “Ме товарат за тоа што спортската сала не е изградена во дворот на гимназијата каде што нема просторни услови, а салата се користи и сега и од сегашната власт. Сега се оди само да се поднесуваат кривични пријави од страна на СДСМ на нас градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Ми поднесоа нова кривична пријава за нарушување на изборен молк, а притоа активисти на СДСМ поставија знаме на партија на место каде што треба да стои државното знаме. Замислете да беа поставени кукасти крстови. Ова се само измслени пријави само да се направи штета“ рече Алексов Алексов посочи дека има 9 кривични пријави против него притоа според него најважно е граѓаните поранешните и идните градоначалници ќе ги ценат според тоа што е направено за нив.

Тој притоа рече дека општината ја оставил со позитивно салдо но и е подигнат кредит за изградба на мали хидроцентрали така да општината месечно ќе била во добивка по 50 илјади евра и тоа бил проект заоснован на бизнис план.