Алое вера
1 мин читањеОва лековито и декоративно растение суклент потекнува од Јужна Африка и опфаќа околу 200 познати видови. Има листови кои формираат розета и црвени долгнавести цветови на цветно стебленце кои цветаат од јануари до април, но за прв пат по 3-6 години.
Најпознати видови алое се: Aloe barbadensis со лековити својства која се користи во фармацијата и козметиката, Aloe variegata со декоративни листови, Aloe arborescens – дрволико алое кое често цвета и создава странични изданки, а може да порасне до 3 m во височина, Aloe humilis со трновити листови.
Поставете го на осветлено место и полевајте го умерено. Внимавајте да не се задржува вода меѓу листовите и во подлошката на саксијата бидејќи ова може да предизвика трулење. Прихранувајте го во текот на летото на секои две седмици со минерално ѓубриво.
Се размножува со откинување на млади растенија од матичното. Посадете ги длабоко во порозна земја (земја измешана со крупен песок).