Банките почнуваат да делат дивиденди за да го избегнат зголемениот данок на Тевдовски

Откако во јавноста излезе информацијата дека Владата планира да ја спроведе реформата на прогресивното оданочување голем дел од експертите го критикуваа ваквото решение за прибирање на повеќе средства во буџетот. Голем дел од познавачите на оваа материја коментираа дека со ваков чекор Владата и Министерството за финансии додатно ќе стимулираат сива економија како последица на одбегнување на плаќање на повисока стапка на данок и секако заминување на голем дел на луѓе кои се наоѓаат во тие 1 % надвор од земјата со што државата би изгубила на економски план и секако огромен човечки потенцијал во кој што вложувала, пишува порталот Економски.мк
И покрај советите на Стопанските комори и голем дел од експертската јавност за пролонгирање на спроведувањето на овој закон сепак Владата и Министерството за финансии останаа упорни во намерата дека оваа реформа треба да се спроведе на почетокот на следната година.
Како информација оваа реформа не ги опфаќа само платите туку и договорите на дело преку хонорарите кои што се најчесто луѓе кои преставуваат дефицитарни професии во Република Македонија како и оданочување на дивидендите и слично.
Така , како одговор на одлуката на Владата и Министерството за финансии на одлуката за прогресивно оданочување една од најголемите банки во Македонија почна со активности за избегнување на плаќање на повисок данок.
Стопанска банка Скопје“ за прв пат во историјата на корпоративна Македонија ќе исплати авансна дивиденда од 20,7 милиони евра. Тоа е дивиденда од добивката за пола година. Секоја обична акција на својот сопственик на 27 декември ќе му донесе дивиденда од 65,7 денари.
На информациската платформа на Македонската берза се објавени предлог одлуки за претстојно вонредно акционерско собрание на „Стопанска банка Скопје“ на кое банката авансно ќе распредели 20,7 милиони евра дивиденда на своите акционери – иматели на сопствени акции. Тие средства се од тековната добивка за првите шест месеци годинава. Акционерите ќе гласаат и за точка со која 7,03 милиони евра од тековната добивка за првата половина ќе ги вложи во основачкиот капитал и во иднина тие нема да може да се распределуваат во дивиденда.