ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Бел бор

1 мин читање

(Pinus sylvestris) │ Декоративно дрво од кое се добива етерично масло

Дрвото од бел бор се употребува за производство на фурнир, за производство на фурнирани плочи и фурнирана иверица. Се употребува и за производство на врати и прозорци, за надворешна употреба, за производство на подови и кровни конструкции. Се употребува и како специјално дрво за хартиена и целулозна индустрија и производство на дрвена волна и дрвен јаглен. Како декоративно дрво, често се користи и во хортикултурата.

Белиот бор (лат. Pinus sylvestris) е зимзелено еднодомно дрво, распространето на подрачјето на Европа и Северна Азија, на надморска височина од 700 метри на северните планини, а на јужните планини и до 1600 метри. Достигнува височина од 10-30 метри, а пречник до 1 метар. Расте од 150-300 години, меѓутоа забележани се и примери во Шведска и Норвешка каде се постари од 700 години.

За белиот бор се употребуват и други имиња како: див бор, чамово дрво за граѓа, шумски бор и сл. Познати се и неколку подвидови на белиот бор: Pinus sylvestris var. sylvestris, P. sylvestris var. zlatiborica и P. sylvestris var. decumbens.

Коренот на белиот бор продира длабоко во почвата. Има висока, правилна крошна, која пропушта доволно светлина, пирамидална во млада возраст, а кај старите дрвја добива изразено неправилна, заоблена форма. Кората кај младите стебла е тенка, црвенкасто-сива, а во долниот дел на стеблото е темно- сива, длабоко испукана, обоена во црвено во пукнатините. Кората учествува со 12-18% во вкупниот волумен, а нејзината густина изнесува околу 300 kg/m3. Густината на дрвото во апсолутно сува состојба е околу 490 kg/m3, во просушена состојба е 510 kg/m3, а во сирова состојба 820 kg/m3.

Белиот бор има голема способност за размножување. Цвета од април до мај, а шишарките созреваат за две години. Се размножува со семе. Во медицината најмногу се користат младите пупки, иглиците или листовите и смолата. Пупките се берат од февруари до април кога се големи од 3-5 см. Сушењето е на обична температура, а можат да се сушат и во сушари на температура до 40°С. Се чуваат во хартиена амбалажа. Пупките имаат ароматичен мирис и горчлив вкус. На површината имаат многу смола.

Шишарките се појавуваат единечно или по две – три во пршлен. Искористувањето не влијае негативно врз репродуктивниот потенцијал и процесите на возобновување на растението. Нема потреба од систем на ротација и ограничувачки проценти во експлоатацијата.

Според бројни испитувања, утврдено е дека ова дрво содржи смоли, горчливи материи, танини и шеќери. Пупките кај белиот бор содржат доста минерални материи, а најмногу етерично масло до 30%. Етеричното масло се добива од иглиците со дестилација на водена пареа. Листот содржи витамин С, витамини од групата на В комплекси витамин К. Белиот бор е многу ефикасен лек за лекување на градни болести. Поседува и антимикробно дејство, како и антисептички својства, а при внесување во затворен простор, го освежува воздухот во самата просторија.

Надворешно од борот може да се користи боровиот катран кој се добива истовремено и од црниот бор и тоа за лекување на шуга, егземи и рани.

Младите иглички и пупки се користат како лек. Боровите иглички, како и кај сите четинари, препорачливо е да се користат веднаш по берењето, односно рано напролет, бидејќи кога ќе почнат да се сушат се губи витаминот Ц. После една година чување, целосно ја губат својата лековитост.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0