ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Боки 13 и Зоки Кичеец задржани на граничниот премин „Богородица“ на барање на Јавното Обвинителство

Боки 13 и Зоки Кичеец задржани на граничниот премин „Богородица“ на барање на Јавното Обвинителство

1 мин читање

Обвинителката Вилма Русковска за МИА потврди дека Јовановски е задржан на граница, а повеќе детали ќе бидат соопштени поладнево на прес-конференција во ЈОРМ во 16:30 часот.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец кој важи за близок соработник на Мијалков денеска се упасени поради сомневање за рекет.

Боки 13 бил приведен на граница, а бизнисменот Зоки Кичеец е уапсен во еден скопски ресторан.

Новинарот Бранко Героски кој објави неколку текстови со измислени ликови за наводен рекет на медиумски газда врз бизнисмени и политичари.

Самиот Боки 13 во интервју на телевизијата „1ТВ“ кажа дека тој се препознал во текстовите на Героски, во ликот на ботоксираниот Коки.