Бонучи-шоу на прес конференцијата: Пиеше кока кола и пиво, па направи селфи со Манчини
1 мин читањеВетеранот Леонардо Бонучи го пренесе прекрасното расположение од теренот и во прес салата, по финалниот натпревар против Англија.
Во неа влезе максимално насмеан, а се обиде на новинарите и присутните да им приреди вистинско шоу. Прво се напи кока-кола и пиво, а пред крајот на прес конференцијата, направи и селфи со селекторот Роберто Манчини.
Селекторот го прифати сето тоа, на крајот на краиштата, тој го освои првиот голем трофеј во својата тренерска кариера.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: