ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Останати Спортови > Ботас: Не сакам да ми се подарува победа, сакам сам да се изборам за триумф

Ботас: Не сакам да ми се подарува победа, сакам сам да се изборам за триумф

1 мин читање

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ги прокоментира шпекулациите дека неговиот клупски колега Луис Хамилтон доколку е во можност ќе му помогне да извојува победа на една од двете преостанати трки во Формула 1 шампионатот.

Финецот на трката за Големата награда на Русија во Сочи не заврши на првата позиција поради клупската наредба да го пропушти Хакинен кој се бореше за светската титула.

Хакинен веќе го обезбеди првото место во Генералниот пласман, па сега се шпекулира со негов реванш кон Финецот.

-Не ми треба подарок-победа. Сакам сам да се изборам за неа, изјави Ботас.

До крајот на сезоната во шампионатот во Ф1 остануваат уште трките во Бразил овој викенд и во Абу Даби.