ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Славни > Брена искрено прогoвори за односот со снаата

Брена искрено прогoвори за односот со снаата

1 мин читање

Фолк-ѕвездата Лепа Брена искрено проговори за нејзината снаа, пејачката Александра Пријовиќ, која е сопруга на Филип, синот на Боба Живојиновиќ од првиот брак.

Српските медиуми пишуваат дека Пријовиќ и Брена не се во добри односи, но пејачката за „Женски магазин“ ги демантираше тие гласини.

-Александра е мојата поддршка и јас сум нејзината. Таа е нашиот нов член од семејството и ја доживувам како едно девојче кое тргна исто како и јас, токму од нула. Навистина сакам да и бидам од помош и да и дадам совети кои никој не може да и ги даде. Сум го поминала целиот тој трнлив нејзин пат. Таа ја има својата мајка која и е голема поддршка, а јас можам да ја советувам за работата и за животот. Среќа, таа е личност која следи, слуша, и ги применува работите од другите кои се добри. Не може никој да биде ничиј наследник. Сите ние сме оригинали и секоја копија или прашање кој ќе ме наследи мене или било кој друг се непотребни. Александра е птица која пее со свој глас, а јас сум тука за се што и треба, изјави Брена за порталот.

Иако Филип не е нејзин билошки син, Лепа Брена го смета за свој, заедно со неговите браќа Стефан и Виктор.