ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Брза и лесна: Посна салата со компири, моркови и кисели краставички

Сочна и едноставна салата од компир која ќе ја обожавате!

Состојки:

1 кг компир

150 гр целер

1 главица кромид

500 гр моркови

250 гр посен мајонез

200 гр кисели краставички

1 лажица сенф

малку бибер

неколку лажици оцет од тегла од краставиците

Начин на подготовка:

Зеленчукот добро измијте го и сè згответе во лушпа. Оставете да се излади, па излупете.

Изрендајте ситно краставици, измешајте со мајонез, сенф, посолете и побиберете. Додајте и оцет. Компирите исечете ги на тенок помфрит.

Филувајте на чинија на која ќе ставите калап. Ред компири, намаз, изрендан морков и целер, повторно ред компири и така наизменично.

Оставете ја салатата во фрижидер да стегне и вкусовите да се спојат. Тргнете го калапот и декорирајте. Салатата можете да ја измешате и во чинија.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0