Брутална пресметка пред ноќен клуб: Тинејџер со автомобил влета во полицајците, тие го застрелаа
1 мин читањеПолицијата од Лејкланд, на Флорида, морала да излезе на терен зошто во една улица по затворањето на ноќниот клуб останале стотина луѓе.
Имало голема гужва, а неколку автомобили биле паркирани во близина.
Додека полиција им говорела на луѓето да се разотидат дома, забележале едно „Камаро“ и утврдиле дека е украдено.
Кога се приближиле до возилото, возачот нагазил на гасот и се обидел да го прегази полицаецот кој скокнал меѓу два автомобили за да се спаси.
Возачот продолжил со нападите со возилото, па патем удрил во неколку автомобили. Полицајците отвориле оган и го погодиле возачот. И утврдило дека има само 17 години, а во прашање е Мајкл Џером Тејлор кој бил на условна слобода, а и бил познат на полицијата по кражби, брзо возење и други кривични дела.
Како што се наведува, целиот инцидент траел 42 секунди.
Тејлор починал во болница од здобиените повреди, а истрагата утврдила дека во „камерот“ имал и оружје.