ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Регион > Бугарија губи 50.000 жители годишно

Бугарија губи 50.000 жители годишно

Бројот на жители на Бугарија годишно опаѓа за 50.000 луѓе, а умираат 110.000 лица, вели експертот по демографија Елица Димитрова.

Таа изјави дека Бугарија е една од државите, кои имаат сериозен демографски проблем.
Во тековната година се очекуваат 60.000 деца помалку на национално ниво, што претставува нов негативен демографски рекорд во Бугарија.

Во период од 1 јануари до 1 декември 2017 година, родени се 58.000 деца, а во 2018 година 53.543.

Видин е еден од бугарските градови со алармантни демографски показатели. Во 2017 година имало 572 новороденчиња, додека во 2018 година тој број опаднал на 330.