ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Ракомет > Бутел со успех против Струга и со победа ја запечати есенската полусезона

Бутел со успех против Струга и со победа ја запечати есенската полусезона

1 мин читање

Убедливиот пораз од Металург од 14 гола разлика е минато за ракометарите на Бутел Скопје, кои есенскиот дел од сезоната во Суперлигата го завршија со триумф на гостински терен кај Струга (25-31). 

Со оваа победа бутелци како третопласирани ќе презимат на табелата во домашниот шампионат со 31 бод и на еден начин си обезбедија сигурно учество во плеј-офот. Струга, пак, која уште од самиот старт на сезоната ја тресе голема криза, остана на единствената победа оваа есен, извојувана над Работнички пред еден месец и полусезоната ја завршува на последната позиција. 

Иако се очекуваше многу полесна и поубедлива победа, Струга одлично му парираше на фаворитот во првиот дел и на полувреме имаше негатива од само два гола разлика. Но, во вториот дел загуби здив и Бутел тоа го искористи и запиша победа од шест гола разлика (25-31).

Последното коло од есенскиот дел од Суперлигата ќе се комплетира овој викенд, а дербито се игра во „Македонско Сонце“ меѓу Пролет и Пелистер.