ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Буџетот дилема и за новинарите

1 мин читање

При вчерашното излагање на Тевдовски и Заев за Буџетот на МРТ не одговараа прикладно на новинарските прашања.

За тоа доказ е и фб статусот и на новинарката на „Слободен Печат“, Весна Дамчевска. „Колегата Горан Теменугов на вчерашната дебата со министерот Драган Тевдосвки постави едно интересно прашање – како тоа буџетскиот дефицит во 2019 ќе биде 2,5 отсто од БДП, а јавниот долг ке се зголемил од 45 на 51 отсто од БДП. Ако БДП е околу 10 милијарди евра, а ако порасне јавниот долг за 6 отсто, новите задолжувања ќе бидат 600 милиони евра? Не успеав многу да разберам од образложението на министерот- зборуваше за стари кредити, неопходни за капитални изградби.

Но и ако се стари кредити, треба да се појават или како нови рати и да го зголемат буџетскиот дефицит, или пак ако се неискористени пари треба да стојат на сметката во НБРМ, ама тие пари веќе би биле броени во долгот. Ај некој нека ме просветли… Многу весела математика!!!!!!“ Буџетот сепак што го предлагаат СДСМ едноставно е јасен за нив, но за медиумите и за јавноста останува тајна. Уште не се знае како и за што се определуваат државните пари, и како мислат да го намалат долгот.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0