ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Вајлдер: Требаше да бидам победник, два пати го нокаутирав

Светскиот шампион во ВБЦ серијата, Дионтеј Вајлдер го задржа појасот по натпреварот со Тајсон Фјури, откако битката меѓу нив заврши нерешено во Лос Анџелес.

Според Вајлдер, сепак фактот дека на два пати го испрати својот противник на земја во овој натпревар, би требало да биде прогласен за победник.

Но на крајот и судијата немаа исто мислење, па најверојатно ќе има реванш.

– Мислам дека токму заради овие два нокдауна јас сум победникот. И двајцата сме големи воини, ги вложивме срцата во овој натпревар, но поради овие два нокдауна требаше јас да сум победник. Двајцата сме најголемите на светот, спроведовме голем натпревар и јас му се заблагодарам за тоа. Почитта е меѓусебна, изјави Вајлдер.

Тој го анализираше и настапот во натпреварот.

– Почнав полека, слабо. Избрзував со ударите. Не стоев цврсто на рингот. Бев премногу неодлучен. Не удирав добро со десната рака и долго време не можев да се поставам. Такво нешто обично не ми се случува. Не можев да се ослободам од тензиите во почетокот. Премногу ги форсирав ударите, наместо да седам назад и да го почекам да нанесе удар. Навистина сакав да го нокаутирам, за да им даде на луѓето она за што беа дојдени во салата. Кога си под тензии, никогаш не си прецизен во ударите, изјави Вајлдер.

Тој беше категоричен дека ќе има реванш и дека во него ќе победи.

– За мене тоа беше еден голем натпревар и сакам да има уште еден. За мене нема никакво значење каде ќе го спроведеме. Докажавме дека сме двајцата најголеми боксери во тешка категорија. Подготвен сум да го повториме натпреварот и да им го дадеме повторно на навивачите спектаклот, што го сакаат и заслужуваат, додаде Американецот по натпреварот.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0