ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Вечер на млади драматурзи од Македонија во КИЦ Софија

1 мин читање

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија, вечер ќе се одржи јавно читање на кратките сценарија и кратки текстови од младите македонски драматурзи, Марина Трајковска, Артин Селмани, Џон Саркањац, Мона Паскалова и Стефан Марковски.

ако дел од програмата за оваа година на КИЦ, текстовите ќе ги читаат студентите на НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ од Софија, Теона Димова, Благица Стоименова, Кристијан Ковачевски и познатиот актер и режисер по потекло од Штип – Ѓорги Ѓоргиев-Антика.

Ова е прв настан од ваков вид кој има за цел да воспостави поблиска соработка меѓу македонските и бугарските млади театарџии и филмаџии и нивно запознавање, за да може да се развива и практично драмската уметност со заеднички проекти, претстави, книги и филмови во иднина.

МИА

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0