Владата на Конго му нареди на амбасадорот на ЕУ да ја напушти земјата
Владата на Конго му нареди на амбасадорот на Европската унија Барт Уври да ја напушти државата во рок од 48 часа, откако ЕУ ги продолжи санкциите за претседателскиот кандидат на владејачката партија Емануел Рамазани Шадари пред изборите закажани за недела.
Наредбата следуваше по неколку неуспешни обиди од страна на Владата на Конго да издејствува ЕУ да ги укине санкциите за Шадари.
ЕУ минатата недела воведе санкции против Шадари, поранешен министер за внатрешни работи, поради наводно попречување на изборниот процес во Конго и поради немирите во земјата после протестите на граѓаните кои беа незадоволни од одложувањето на изборите.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: