ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > ВМРО-ДПМНЕ: Борбата на ова генерација е со црнила олицетворени во криминалната и одродена власт на аболицираниот Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Борбата на ова генерација е со црнила олицетворени во криминалната и одродена власт на аболицираниот Заев

1 мин читање

Борбата на ова генерација е со црнилата кои надвиснаа над Македонија, црнила олицетворени во криминалната и одродена власт на аболицираниот Заев.  Истиот оној Заев кој со 81 глас во Собранието го погази гласот на 2 милиони граѓани, Заев кој го промени името, идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава и сопствениот народ. Борбата на генерацијата е со црнилата на Заев,  кој насила ја турка двојазичноста во Македонија и Законот за јазици кој е спротивен на македонскиот Устав, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Промената на името и двојазичноста се хипотеки на Заев заради кои доби власт без изборна победа и со погазување на волјата на граѓаните. Заев не им вети на граѓаните променето име на државата, Устав, двојазичност. Заев не им вети црнила на граѓаните, не им вети повисоки давачки кон државата, криминални тендери и грантови, Кацарска судство и Рускоска обвинителство. Животот дојде за малкумина од врхушката на власта и СДСМ, оние кои ги испумпуваат буџетски средства, оние кои се богатат на грбот на македонскиот граѓанин и се одржуваат на власт благодарение на поразите кои и ги нанесуваат на Република Македонија. Предвремените парламентарни избори се единствен начин на кои што македонските граѓани можат да ги поразат црнилата олицетворени во криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Заев, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека граѓаните на предвремените парламентарни избори ќе ја донесата зората, ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, поддршка за вистински реформи, проекти, нови работни места, подобар животен стандард за граѓаните, подобро здравство и образование, во Република Македонија.