ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните покажаа дека не се плашат на заканите и притисоците од власта, Силјановска победи во 47 општини во Македонија

1 мин читање

Гордана Силјановска Давкова победи во 47 општини во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори, поразена е коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ, во која има над триесетина партии, ова преку соопштение до јавноста денеска го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните им кажаа не на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните гласаа за право и правдина. Пендаровски изгуби затоа што е ист како Зоран Заев. Пендаровски не нуди ништо ново за државата, напротив нуди стагнација. Граѓаните на овие избори покажаа дека не се плашат на заканите и притисоците од власта. Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина. Со Пендаровски Македонија само ќе тоне, исто како што тоне во изминативе две години. Ги повикуваме граѓаните во вториот круг да му го зададат финалниот удар на СДСМ и да излезат со голема поддршка за Силјановска. Победа на Силјановска значи почеток на крајот СДСМ. За право и правдина, за подобра иднина, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0