ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од Штип бара припадниците во воениот конфликт од 2001 година да се ослободат од плаќање на комунална такса и данок на имот

1 мин читање

Ја користам оваа прилика со оглед имајќи фактот и предвид дека во изминатите неколку денови се актуализираше прашањето за во неколку општини во Република Македонија за бранителите од воениот конфликт од 2001 година.

Мислам дека редно е и ние како Општина Штип да предложиме измена на дневниот ред односно дополнување на нивниот ред со точка која што предвидува финансиска помош на оваа категорија на граѓани, жители на општина  Штип. Финансиската помош се однесува на ослободување од плаќање на комунална такса односно од данок на имот. Помош која што нема да значи големи финансиски импликации на буџетот на општина Штип, а ќе значи голема поддршка за луѓето чија што слобода ја живееме денес и им ја должиме и кои што луѓе на број околу 700 припадници на нашите безбедносни сили во воениот конфликт во 2001 година ги ризикуваа своите животи за да денес ја живееме независноста и слободата на Република Македонија.

Од таа причина советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подбра Македонија бара дополнување на дневниот ред со точка за припадниците во воениот конфликт од 2001 година, ослободување од плаќање на комунална такса и данок на имот.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0