ВМРО-ДПМНЕ подготвува жалба до судот во Стразбур по право на здружување и по право на поседување
1 мин читањеЗад мене е судството свиткано во пупка и седнато в скутот на одродениот помилуван аболициран криминалец Зоран Заев.
Ова не е суд, ова е игротека и место за исполнување на желбите на Заев. Тој си нарачува судења, тој си предвидува пресуди, тој сам го реформира додека седеше на обвинителна крупа за земање на мито нешто што го виде цела држава.
Вонправно, но и очекувано, Кривичниот совет ја потврди одлуката на Судот на барање на партискиот правен Франкенштајн СЈО, за замрзнување на целиот партиски имот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова нема никаква врска со наводниот предмет кој што по партиска инструкција за пресметка со опозицијата го води СЈО. Ова има врска само со едно, обид за замолкнување на опозицијата и обид за заплашување на јавноста. Сега, кога пред очите на сите, се гази референдумот, се гази демократијата, се гази Собранието, се понижуваат пратеници преку силување на правото и правдата.
Правната држава е погазена во целост. Правото и правдата во судот сега зависат само од желбата на судиите да му удоволат на властодржецот. Притоа, со замижуваат пред фактите, пред доказите, пред аргументите дека со тоа не само што се гази правото, туку со тоа тие се директни учесници во силувањето на демократијата и укинувањето на правниот систем.
Одлуката на несудот е политички прогон на само шест месеци пред избори и притисок од криминалната одродена власт против опозицијата, таа да не може да се подготви за предизборната кампања. Веќе не се бираат средства за оваа банда да си обезбеди бришан простор за реализација на распродажбата на се што е македонско и на општиот грабеж.
И барањето од СЈО и одлуката на судиите се целосно неосновани и се исклучиво политички мотивирани.
Прво и основно, не постои мандат, овластувања и надлежност за поведување на барање за определување на привремената мерка од страна на СЈО.
Второ и уште поважно, ВМРО-ДПМНЕ како правно лице воопшто не е осомничено во постапката.
Судот незаконски задира во правата на лица кои не се осомничени. Единствената намера е политички прогон и нарушување на можноста за нормално делување на политичка партија на опозицијата. Со тоа јавно се испраќа порака за заплашување дека секој може да биде жртва доколку не се согласува или се спротивставува со антидржавните политики на Заев.
Помилуваниот однароден криминалец знае дека ВМРО-ДПМНЕ е последниот бедем во заштита на државните и национални интереси, и затоа ги впрегна партиските обвинители од СЈО и клиентелистичкиот суд за да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, тоа нема да ја спречи ВМРО-ДПМНЕ да се спротивстави на антидржавните антинародните политики кои што ги води Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ подготвува жалба до судот во Стразбур по право на здружување и по право на поседување.