ВНИМАНИЕ: Денеска доаѓа прашината од Сахара, a eве какво време не очекува до крајот на неделата и за Велигден
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Поради југозападно струење на висина и транспорт на прашина од Сахара можно е врнежите да имаат жолта боја. Минималните температури ќе се движат од 4 до 11, а максималните од 13 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито, во утринските часови со врнежи од дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 17 степени.
В среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето и ќе преовладува сончево време. Од четврток до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.