ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Внимателно возете на Стража!

Внимателно возете на Стража!

1 мин читање

Од 19.30 часот започна снег да провејува на планинските премини Стража, Маврово и на Попова Шапка, известија од Диспечерскиот центар на „Македонија пат“.

Оттаму вечерва, поради врнежите од снег и засилен северен ветер, од превентивни причини воведоа забрана за сообраќање за тешки товарни возила на патните правци Маврово-Дебар и Маврово-Стража.