ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Република > Водици во Илинден: Заинтересираните што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во црквата „Св. Константин и Елена“

Водици во Илинден: Заинтересираните што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во црквата „Св. Константин и Елена“

1 мин читање

По повод претстојниот празник Богојавление (Водици), општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во населба Илинден.

По тој повод се повикуваат граѓаните на ден 19.01.2019 година (сабота) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација за заеднички да го одбележиме овој голем ден за сите христијани.

Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“ во населба Илинден.