ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Вооружените грабежи, убиствата и гранатирањата за министерот Спасовски се само перцепција

Вооружените грабежи, убиствата и гранатирањата за министерот Спасовски се само перцепција

1 мин читање

При вчерашното гостување на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на емисија на 1ТВ нагласи дека коинциденција е во еден ден да има повеќе криминални дејствија, и генерално според него нема зголемување на криминалитетот.

-Немаме генерално зголемување на криминалитетот, на насилствата итн. Ние имаме статистика тоа ќе биде објавено и наскоро на извештаите. Во сите сегменти на криминалитетот во Република Македонија ние имаме намалување. И во делот на тешките кражби и во делот на разбојништвата. Се случуваат пресметки помеѓу одредени криминални групи, за последниот случај кој беше веќе се работи и имаме доволни индиции за што станува збор. Инаку тоа е нешто што се случувало и што ќе се случува понатаму. Коинциденција е што во еден ден се случуваат повеќе настани, појасни Спасовски.

Но пред неколку дена на иста телевизија во централниот дневник гостуваше шефот на полиција на град Скопје кој рече дека зголеменото ниво на криминал е само во глава на граѓаните.

-Со тоа што ние постојано ја брифираме јавноста за тоа што се случува на подрачјето на Град Скопје во област на криминалитетот се доаѓа до перцепција дека во градот се случуваат безброј кривични дела. Во текот на 2018 година на подрачје на град Скопје се регистрирани 12.433 кривични дела, во споредба со 2017 година кога се регистрирани 12.157, нагласи Јакимовски.