Војската на Црна Гора ќе има 2.368 војници
1 мин читањеВојската на Црна Гора, според новата организациско-формациска структура, ќе има 2.368 лица во мирновременски, а 5.159 во воениот состав, соопшти црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.
Тој истакна дека организациско-формациската структура и големината на Војската на Црна Гора се концепирани од страна на Министерството за одбрана и Генералштабот на ВЦГ согласно потребите на државата и колективниот систам на безбедност.
– Станува збор за почеток на процесот на комплетна реформа на војската. Согласно стратегиските документи кои ги усвоивме и кои ги усвојуваме во периодот до средината на следната година, ќе создадеме можност војската значително да ја подмладиме, без оглед што во изминатите 15 месеци навистина многу напшравивме на тој план. Во следните пет години ќе зајакнат капацитетите на ВЦГ со цел да биде поефикасна во меѓународните мисии, но уште повеќе, во задоволувањето на потребите на цивилното население, изјави Бошковиќ.
МИА