ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Во биографијата на министерот Дураки пишува дека има познавање од Интернет експлорер

Во биографијата на министерот Дураки пишува дека има познавање од Интернет експлорер

Министерот за животна средина, Садула Дураки од ДУИ, кој е предложен за нов министер за политички систем, има познавања од Интернет експлорер и Мајкрософт офис.

Ова стои во неговата биографија доставена вчера до Собранието, заедно со солидни менаџмент особини, работа во група, работа под стрес и комуникативност, пишува СДК.МК.

Премиерот Заев вчера од Валандово, соопшти дека во Собранието ќе достави предлог за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Обврската министер за финансии кажа дека ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.