ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Во желудникот на умрен кит пронајдено нешто кое ги шокираше сите

Во желудникот на умрен кит пронајдено нешто кое ги шокираше сите

1 мин читање

Во желудникот на умрен кит пронајден на Филипините, биле најдени 40 килограми пластични кеси, соопшти Музејот во кој се изложуваат животински коски во близина на Давао Сити.

-Ја откривме причината за умирањето на младиот кит, кој беше пронајден на 16-ти март. Тој имаше дури 40 килограми пластични кеси во себе. Ова е најголемото количество пластика што некогаш сме го виделе во тело на умрено животно. Тоа е одвратно. Владата мора да преземе мерки против оние што го третираат океанот како канта за отпадоци, нагласи претставник на Музејот.

https://youtu.be/ga887TAwzn4

Во областа, изминативе десет години, најдени се 57 китови и делфини, кои умреле како последица од проголтување пластика.  (МИА)