ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Во Македонија владее црнило, СДСМ мора да замине час поскоро, граѓаните да ни се придружат на утрешниот протестен марш во Велес во 13 часот

Во Македонија владее црнило, СДСМ мора да замине час поскоро, граѓаните да ни се придружат на утрешниот протестен марш во Велес во 13 часот

Насекаде околу нас ни се случува црнила.

Граѓаните се зацрнети и се оди против нивната волја.

Судството е заробено од страна на Зоран Заев и за жал, Зоран Заев е единствениот судија во државава. Кого сака го тужи, кого сака го суди.

Криминалот во Република Македонија метастазира како канцер во напреден стадиум. Целото подземје си ги наплаќа фактурите од Владата на СДСМ и управува со улиците.

Ни се зацрнија цели фамилии благодарение на криминалците кој што се блиски до СДСМ. Уште колку деца и невини граѓани треба да загинат за конечно оваа Влада да се освести дека треба да работи за граѓаните, а не да работи за мафијата.

Корупцијата е на ниво на кое што никогаш не била.

Се прислушуваат обвинители и судии и никој не се обидува ниту да сноси одговорност, ниту да даде оставка. Но, еден ден ќе мора да сноси одговорност и да одговара тој што е нарачател на ова прислушување.

Економијата е крахирана, единствено работат фирмите на Заеви, Анѓушев и останатите од СДСМ. Ни се случува масовен потоп во економијата. Реализацијата на капитални инвестиции до сега е само 1/3.

Даноци се покачуваат, граѓаните осиромашуваат.

Затоа, заради сите овие причини и уште безброј други, Ве повикуваме да ни се придружите утре на протестниот марш, во недела, во Велес, збирно место на паркингот кај гимназијата во 13 часот, маршираме низ центарот заедно се до платото пред Судот.

Да ставиме крај на ова лудило и да ставиме крај на оваа црнила.

Ве повикуваме сите, секој оној кој што е револтиран за било што од оваа Владата такви ги има многу, се повеќе и повеќе да протестираме заедно се до конечно паѓање на оваа ненародна и криминална власт на СДСМ.